Рецензија на Ајфон 8

Најдобриот Ајфон што не треба да го купиш

Консензусот околу Осмицата сведен на еден твит, гласи: Ајфон 10 всушност е Ајфон 8. Осмицата постои само за да ја оправда цената од 1.000 долари за 10-ката. Дрво едно, купи репариран Ајфон 6-за за 200 долари.

Уредот хардверски е стандардно унапредување во однос на 7-та, и самиот по себе е одличен телефон и одлично парче хардвер, со набилдани карактеристики и капацитет, и e, како што пишува Бен Син во Форбс, „само мрзлива преработка“ на Седмицата.

Додека техниката во Осмицата минува со одлични оценки, дека стварно е напред во однос на најголемиот дел од конкуренцијата (А11 чипот е најбрзиот чип моментално на пазарот, со значителна разлика пред сите), драмата што се прави околу новиот Ајфон се однесува на изгледот (од таму и забелешката „купи Ајфон 6-ка за 200 долари“). Дизајнот на Осмицата е речиси идентичен, или барем никако драстично поразличен, од Ајфон 6, моделот кој се појави на пазарот во 2014, кој потоа беше копиран и на Ајфон 6 Ес, а следната година и на Ајфон 7, со што Осмицата е 4-та генерација Ајфон со идентичен изглед.

Зошто Епл наместо копијата на 6-та, не ја извади само 10-ката? Едно од објаснувањата е дека неговиот добавувач на ОЛЕД екрани (Самсунг) не може да постигне да произведе толку екрани (Осмицата има ЛЦД екран). Второ, производството на 10-ката е стварно поскапо, и затоа и самиот уред мора да има повисока цена. Третото објаснување се надоврзува на ова, и според него моментално има милиони корисници на Епл на кои им завршува договорот и им следува обновување на својот уред, а во најголемиот дел од овие случаи ниту еден производител нема математика да го даде телефонот по пониска цена, заради што тие се сметаат за главен пазар за новиот уред. Плус тука се сите оние што сакаат да имаат нов Ајфон, ама не би платиле 1.000 долари (кај нас веројатно 1.000 евра) за основниот модел на 10-ката.

МКХБД прави рецензија на Осмицата и препорачува да го прескокнете:


Кејси Неистат прави споредба на видео капацитетите на Ајфон 8 Плус и Ноут 8:


Анбокс терапи има поделени чувства:

30 септември 2017 - 13:48