Кога критичарот на Њујорк Тајмс седнал да пишува рецензија за нова книга за вештачка интелигенција, на памет му паднала интересна идеја - а што па тој да се мачи, кога за него работата може да ја заврши машина?
Малку очекувано ама деновиве беше објавено дека „Медена земја“ се прикажува во американските кина. Идентично малку очекувано рецензија за документарецот извадија Ролинг стоун магазинот и Вокс, притоа и двата автори прилично воодушевени од тоа што го изгледале.
Консензусот околу Осмицата сведен на еден твит, гласи: Ајфон 10 всушност е Ајфон 8. Осмицата постои само за да ја оправда цената од 1.000 долари за 10-ката. Дрво едно, купи репариран Ајфон 6-за за 200 долари.
“Глеј, глеј, Џегер и Ричардс на македонската драма и театар, па уште ексклузивно во нашиот сокак!", весело крикнува Теофил Панчиќ, по повод најновата претстава на Дејан Дуковски и Алексадар Поповски, за која вели дека нема ни една утка.
За да докажат дека оценките на TripAdvisor се гола вода, италијански весник измислиле непостоечки ресторан, го пријавиле на сервисот и ја победиле конкуренцијата.
Можеби затоа што му завидуваат, а најверојатно затоа што навистина знае да биде лигав, Коелјо им е омилена тема за подбишега на книжевните рубрики. Џон Крејс од Гардијан ја раскажува неговата нова книга, „Ракописот пронајден во Акра" со малку, ама одбрани зборови.
Човек на Њујорк Тајмс напиша крајно неповолен приказ и рецензија по неговото пробно возење на популарниот електричен автомобил Тесла. Првиот човек на компанијата не остана должен.