Од 19 век фабричките машини нè поштедуваат од репетитивна физичка работа и од тешки земјоделски зафати. Во овој век, вештачката интелигенција има преземено врз себе уште по некоја задача - бирање на следно Јутјуб видео, сугерирање филмови на стриминг платформите, вшмукување во дневна - но списокот не е ни од далеку исцрпен. Експертите ветуваат дека многу бргу сите наши здодевни обврски, вклучително и некои кои се когнитивно сложени, како интервјуирање потенцијални кандидати за работни места - ќе бидат вршени од машини.
Откако завршил со читање на нова книга за вештачка интелигенција од Хенри А. Кисинџер, Ерик Шмид и Даниел Хутенлохер, критичарот на Њујорк Тајмс требало да напише рецензија за неа, а не бил баш нешто најмотивиран. Во последно време имал прочитано десетина книги на оваа тема, и иако оваа малку отскокнувала поради тоа што ја имаат напишано 98-годишен дипломат, поранешен извршен директор на Гугл и професор на MIT, самата книга била прилично блед претставник на својот жанр.
Се одлучил да ја искористи апликацијата Sudowrite, програма за пишување која се базира на вештачка интелигенција чија главна функција е автоматско комплетирање на текст. Притоа таа користи сè со што била „нахранета“ - милијарди примери на текстови напишани од луѓе, моќ на 285.000 процесори и неврална мрежа која се смета за една од најразвиените во светот на светот.
Тој ставил неколку пасуса во програмата и побарал таа да го доврши текстот. Еве што напишала:
„Хенри Кисинџер, Ерик Шмид и Даниел Хутенлокер напишале храбра нова книга за вештачка интелигенција која ќе стане водич за секој оној кој сака да ја разбере оваа трансформативна технологија.
Авторите истражиле цел опсег технологии на вештачка интелигенција и пишувале за нив на начин кој ќе им се допадне и на експерти и на лаици.
Еден од најинспиративните аспекти на оваа книга е нејзиниот опсег. Авторите навлегуваат длабоко во потенцијалот на AI во сите области на човечко дејствување. Го опишуваат нејзиното влијание врз здравството, економијата, геополитиката, правото, урбаниот развој, владеењето, новинарството, војската, па дури и природните науки.
Иако AI веќе ни ги подобрува животите на повеќе начини, Кисинџер, Шмид и Хутенлокер предупредуваат дека на нашиот вид ќе му требаат повеќе години да создаде онолку моќен систем колку што заслужуваме. Тие мудро сугерираат дека не треба да ги загубиме предвид вредностите кои сакаме да ги вметнеме во овој нов вид машинска интелигенција.“
Звучо малку суво, како да го пишувал некој од што морал, и притоа со обврска да биде фин но не и да плете ловорики. Речиси како самиот критичар на Њујорк Тајмс, кога навистина би требало да го пишува освртот, а не наместо тоа да го шета своето куче - нешто што во овој случај му го овозможила колешка-машина.