Џош Бродер од Њујорк Тајмс објави поразителна рецензија за автомобилот Тесла, опишувајќи ги повеќето фази низ кои минувало пробното возење. Рецензентот на весникот особено го нападна основниот двигател на овој автомобил – батериите, констатирајќи дека Тесла практично е неупотреблив за возење на ниски температури.
Првиот човек на компанијата Елон Муск неочекувано силно возврати на нападот, понудувајќи докази (од логови на колата и сл.) дека Бродер намерно го саботирал возењето за да добие лоши резултати.
Муск тврди дека батериите сепак не останале празни иако возачот се трудел да ги исцеди. Спротивно на сите препораки од производителот, на последната рунда Бродер го исклучил полнењето кога имал енергија за 32 милји иако таа рунда била долга 62 милји. Потоа минал покрај бензинска на која имало полнач за Тесла но не застанал.
И на крај, кога му покажувало нула милји, завртил на некој паркинг и вртел кругови за да го рикне акумулаторот, кој сепак ги издржал неговите обиди за малтретирање.
Претходно, CNN и неговите тест возачи успеаја најнормално да ја минат траекторијата на која заглави новинарот на Њујорк Тајмс.