Сите телефони се исти

Пиксел 2 е ист како Ајфон, кој пак е ист како Ноут.

Во средата, Гугл го објави Пиксел 2, телефонот кој е за луѓе што сакаат Ајфон ама и уличниот кредибилитет што доаѓа од немање Ајфон.

Она што стана јасно минатиот месец - со промоцијата на Самсунг Галакси Ноут 8 и Ајфон 8 како и објавата на Ајфон 10 и Пиксел 2 - е ова: Сега сите телефони се исти.

Ајде на брзина да ги пројдеме обележјата на Пиксел 2:

- Нема џек за слушалки
- Пиксел бадс блутут слушалки
- Портрет ориентација
- Функционалности на стегање
- Аугментирана реалност
- Стикери за аугментирана реалност
- Подвижни слики
- Подобра камера
- Отпорен на вода
- УСБ Ц
- Го има во нормална и Икс ел големина
- Работи на Андроид


И на Ајфон 8:

- Нема џек за слушалки
- Ер подс
- Портрет ориентација
- Аугментирана реалност
- Стикери за месинџер
- Живи слики
- Подобра камера
- Отпорен на вода
- Лајтнинг порта
- Покршлив од стариот модел
- Го има во нормална и Плус големина
- Работи на Иос


И вистински новите опции на Ајфон 10:

- Се отклучува со твоето лице со сензори кои се поинакви од другите телефони што се отклучуваат со твоето лице
- Има анимирани емоџија
- Нема копчиња, нема "паспарту" околу екранот

Единствената нова работа што Пиксел ја прави се функционалностите на стегање - која веќе беше имплементирана на ХТЦ уред. Имаме достигнато до комодификација на смартфонот, и до одредена смисла на лаптопот и на домашниот асистент (дали сакаш Пикселбук или Макбук или Сурфејсбук? Или сакаш Ехо или Гугл Хоум или Хоумпод?). Сега единствена причина за да купиш нов смартфон е ако твојот сегашен телефон е непоправливо расипан или повеќе не добива софтверски апдејти.

И ова е... во ред, и беше неизбежно во одреден момент - по лудачката стапка на иновации во последните 10 години, немаше како компаниите да се во можност секоја година од ново да го измислуваат телефонот. Ама дај да престанеме да се преправаме дека итеративниот напредок во технологијата на камерите, назадувањето во квалитетот на аудиото, и избирање на најдобрите карактеристики од сите други телефони на пазарот, може да се смета за значаен прогрес. Сето ова, на сметка на нешто што е незабележлив чекор напред кон одржливост, поправки и модуларност.

Вашиот избор сега е меѓу чист Андроид (Пиксел), рестриктивниот но функционален и сеприсутен Иос на Епл, и помоќните телефони но со спори Андроид апдејти (Самсунг). Па, она што ние стварно го избираме не е телефон, туку е оперативен систем и неговиот екосистем во кој можеме да си играме, како и имиџот кој би сакал да го покажеш пред светот (инди кредибилитетот на Андроид, или безбедносниот кредибилитет на Иос), и типот на полнач што ќе го побараш кога си кај пријателите или на бензинската, кога ќе го заборавиш твојот.

Ако сакаш да биде граѓанин на општеството, за тебе нема вистинска алтернатива на Иос и Андроид, и катанецот на Ајмесиџ и фото апликациите кои го прават сè потешко префрлањето меѓу двата оперативни системи. Па, кој телефон ќе го користиш до крајот на твојот живот?

Мадерборд

5 октомври 2017 - 17:06