Koнечно корисна апликација

Кога е најдобро да одиш на мочање во тек на филм?

Апликацијата се вика RunPee, и служи да сигнализира кога почнува досаден дел од филмот којшто го гледате, за ако одите до ве-це да не пропуштите ништо значајно.

Не знаеме што се случува со филмската индустрија, ама во последно време филм под два и кусур саата скоро и да нема. Оттаму и не е чудно што новата апликација чие име може да се преведе како ТрчМоч (RunPee) за ајфон е вистински хит.

Таа е креирана во 2008 од Американецот Дан Флорио, а за неа фалби пристигнуваат и од познати личности, како Стивен Фрај и Хју Џекмен. Функционира едноставно - кажувате кој филм почнувате да го гледате, и таа ви зврцка на соодветната минутажа, кога според неа почнува некој нерелевантен или досаден дел. Ви кажува точно колку време имате за да се вратите и во неколку зборови ви опишува што ќе пропуштите.

Така, РанПи веќе препорачува два „мочачки“ моменти во новите „Емоџи муви“ и „Дарк Тауер“ (иако според критиките изгледа како тие можат и целите да се преседат во тоалет). Но кои се оние во класиците? Дали е воопшто можно таквите да се детектираат без да се стори грев?

Казабланка на пример трае само 102 минути. Но ако веќе не можете да се воздржите, апликацијата предвидува пауза само еднаш, во 59-тата минута, веднаш откако Илза (Ингрид Бергман) и Ласло (Пол Хенрајд) не успеваат да добијат излезни визи. Тоа е небитна сцена која се одвива во барот на Рик (Хемфри Богарт), после која со трчечки чекор треба да се вратите за не го пропуштите остатокот од филмот.

Што се однесува до „Кум“ и тука не се препорачуваат долги отсуства, но доколку се стане веднаш после антологиската реплика со „канолите“ единствено што ќе се пропушти е рецептот за ќофтиња во сос од домати на Клеменца. Добро, за радикалните фанови ова е сепак значаен дел, бидејќи еднаш засекогаш ја разрешува дилемата дали треба или не да се додава шеќер во сосот.

Ако се заинтересиравте за одговорот, без спојлери, еве го рецептот:

 

9 август 2017 - 17:18