Првата пратка на Ајфон 10 распродадена за 20 минути

Во 3 часот наутро по источно американско време Епл ги отвори преднарачките за Ајфон 10. 20 минути подоцна квотата беше исполнета. За многу упорните, на Ибеј веќе има понуди за 10-ката по цена од 10.000 долари.

Утрово, по само 10 минути од отворањето на преднарачките го снемало моделот од 256 гигабајти, а 10 минути подоцна снемало и 10-ки со 64 гига меморија.

Заради сериозни проблеми во синџирот на снабдување, датумот на испорака на 10-ката од првично утврдениот 3-ти ноември се одложи за шест седмици.

Следната недела се очекува продажбата на телефонот да започне во 55 држави. Според извештај од неделава, Епл најверојатно ќе има само половина од уредите кои сакаше да ги има на денот на премиерата.

Епл тврди дека продавниците ќе имаат залиха, ама не кажуваат колку.

Во меѓувреме на Ибеј има и вакви понуди:

27 октомври 2017 - 15:57