Кога ги објави плановите за „кратење на отпадот“ Епл беше хвалоспеван од екологистите кои проценуваат дека само со оваа одлука ќе се намали годишното загадување со јаглеродни гасови за околу 2 милиони тони, што е еднакво на тргање на 500.000 возила од сообраќајот.
И слушалките и полначот чинат по околу 25 долари за да се купат во Епл, меѓутоа затоа што Епл ги зема по поевтина цена процената е дека двата додатоци заедно ја чинат компанијата околу 35 долари. Со самото тоа што ги нема овие два додатоци помало е и пакувањето на Ајфонот, што пак оди во корист на профитот на Епл.
Целиот овој ќар (вклучително намалените трошоци за пакување и транспорт), помножен со 190 милиони продадени Ајфони низ светот (од објавата на новиот план), се проценува на 6,58 милијарди долари.
Плус на ова се околу 300 милиони долари направени од продажба на полначи и слушалки, кои им фалат на сопствениците на ново Ајфон.
Критиката е дека ако минусот во трошокот што го имаат го префрлат на цената на Ајфонот, уредот ќе биде далеку поефтин. Позицијата на Епл е дека тие испорачале далеку подобар уред за иста цена.