Како што не е вест дека има нов Ајфон, така не е вест дека и овој не си ги вреди парите што му ги бараат, ама тоа никогаш до сега не спречило некого да го купи.
Генерацијата 12, има четири модели и сите четири поддржуваат 5Г мрежа и имаат ОЛЕД екрани.
Има Ајфон 12 кој е со големина на екран од 6,1 инч. Па има Ајфон 12 мини кој е со екран од 5,4 инчи. Поголемиот од овие два, ќе чини 829 долари, а помалиот 729 долари. Ова во САД, во Европа веројатно само ќе го сменат долар знакот во евро.
Од „про“ серијата има 6,1-инчен Ајфон 12 про и Ајфон 12 про макс со досега најголемиот екран на Ајфон од 6,7 инчи. Основната верзија на првиот е 999 долари, а на вториот 1099 долари.
За да не биде дека не се во тек со времето и не се свесни за животната средина и општо доброто на планетава, сите модели на Ајфон 12 ќе се испорачуваат без полнач (за во штекер) и без слушалки, што според Епл го намалува отпадот што тие го создаваат и дозволува поефикасен транспорт на производите низ светот. И полначот и слушалките ќе бидат достапни за плус пари.
Исто така: Излезе новиот Ајфон 12