Нагласувајќи дека е посебно лошо телефонот да се чува под перница дур се спие, Епл ги повика корисниците да „користат здрав разум“ за да избегнат непосакувани ситуации.
„Немој да спиете врз уредот, полначот или безжичниот полнач, или да го ставате под ќебе, перница или вашето тело, кога е поврзан во струја. Вашиот Ајфон, полначот или безжичниот полнач треба да бидат на добро проветрено место кога се во употреба или кога се полнат,“ стои во официјалното предупредување објавено на сајтот на Епл.
Други работи што треба да се јасни, а изгледа не се штом Епл решава да предупреди на нив, се дека не треба да се користат оштетени кабли за полнење, или телефонот да се полни во присуство на голема влага.
Колку е постар телефонот толку е поважно овие предупредувања да се следат.