Русин бара отштета од Епл во износ од 15.000 долари, бидејќи, како што тој тврди, американскиот технолошки гигант го направил геј.
Тужителот, Д. Разумилов, тврди дека бил „вмешан во истополови врски“ откако добил 69 гејкоинс на апликацијата за криптовалути што ја симнал на Ајфон во 2017. Непознатиот испраќач сосе парите му пуштил и порака на Разумилов на англиски јазик кој овој ја толкувал како „како ќе знаеш ако не пробаш“.
Во тие моменти Разумилов се задлабочил околу пораката што ја добил, па решил да стори нешто во врска со предизвикот.
„Си помислив, стварно, како можам да судам нешто без да пробам? И решив да пробам истополова врска.
Откако минаа два месеца можам да кажам дека сум заглавен интимност со припадници на мојот пол, и не можам да се извлечам.
Имам дечко за сериозно и не знам како ова да им го објаснам на моите родители. Откако ја добив претходно споменатата порака, животот ми се промени на полошо и никогаш повторно нема да биде нормален,“ изјавил Разумилов.
Каде е Епл во сето ова? Разумилов чувствува дека Епл „манипулативно го туркал кон хомосексуалност“ што му предизвикало „морално страдање и нарушување на менталното здравје“, и за ова тој бара од компанијата оштета од 1 милион рубљи или 15.300 долари.