- Доналд Трамп наредил прераспоредување на двe американски нуклеaрни подморници во „соодветни“ региони, како реакција на изјавите на Дитри Медведев кои ги доживеа како провокативни и неодговорни.
- Медведев, кој е замeник претседател на рускиот Совет за безбедност, откако Трамп реши ултиматумот за Русија да престане со воени дејствија, од 50 да го симне на 10 дена, порача дека ваквите ултиматуми ја приближуваат ситуацијата до војна и посака Трамп да не оди по патот на „заспаниот Џо“ (Бајден).
- Трамп за Њусвик појасни дека „соодветни“ региони значи поблиску до Русија.
- Оваа војна на зборови со нуклеарни закани се случи само неколку часа откако Путин соопшти дека Русија започнала со масовно производство на нејзините суперсонични ракети Орешник (можат да носат нуклеарен товар) кои може да завршат кај нивниот сојузник Белорусија.
- Циници велат дека Трамп треба да му заблабодари на Медведев што со своите изјави - макар накратко - го одврати вниманието од незгодната афера со Епстин.
- Првиот човек на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, го обвини Брисел дека го поткопува европското воздухопловство преку нееднакви давачки за јаглеродни емисии. Повисоко ги оданочува летовите во рамките на ЕУ, а ги ослободува американските и кинеските авиопревозници, иако тие испуштаат повеќе штетни гасови.
- Според Евроконтрол, летовите на долги релации претставуваат само 6% од вкупниот број во Европа, но создаваат 53% од емисиите на јаглерод. Сепак, спаѓаат под поевтината категорија на ОН за компензација, а не во внатрешниот систем на на ЕУ.
- Европската комисија предложи од 2029 година да ги прошири мерките врз одредени летови што поаѓаат од Европа, но тоа нема да важи за подолгите рути и летовите што пристигнуваат од САД и Кина.
- „Урсула фон дер Лајен се плаши да направи нешто освен да зборува. Таа е бескорисна. Европа има патоказ за поголема конкурентност – тоа е Извештајот на Драги. Две години подоцна, ниту една од неговите препораки не е спроведена, а Урсула фон дер Лајен се крие во зградата 'Берлемон' и не прави ништо, освен што држи говори“, изјави О'Лири за Еуроњуз.
- Фирми за кибернетска безбедност регистрирале милиони напади врз веб-страници откако беа објавени критични пукнатини во програмскиот јазик PHP на кој се потпира интернетот.
- „Десет часа пред објавувањето на ранливоста, забележавме илјадници обиди за злоупотребување на мрежата. Таа бројка се зголеми на десетици илјади во 45-те минути по објавувањето, на стотици илјади во рок од 2 часа, а сега достигна милиони“, изјави Метју Принс, директорот на Cloudflare.
- Додека се надградува заштитата на серверите, во прекин се многу владини, даночни, банкарски, авионски и железнички услуги од Финска до Јапонија.
- „Тоа беше долг ден и долга ноќ, за сите што работат во информатичкиот и безбедносниот сектор. Вакво нешто не сум видел многу, многу долго време“, изјави Сатја Надела, извршниот директор на Микрософт.