Шпанскиот премиер Педро Санчез, миленик на западните прогресивни елити, отиде комплетно „воук“ (woke) во својот говор пред Генералното собрание на ОН во септември.
Изјави дека дошол редот на „жена... жена од Латинска Америка“ да стане генерален секретар на ОН, откако актуелниот секретар Антонио Гутереш ќе се повлече од функцијата кон крајот на оваа година. „Како е можно“, праша Санчез, „организација која тврди дека зборува во име на целото човештво, никогаш да немала жена на своето чело?“
„Ова звучи прилично иронично, особено кога доаѓа од Санчез“, пишува Марија Реглеро, консултантка за женски права од Барселона потсетувајќи дека тој е лидер на Шпанската социјалистичка работничка партија – организација која во текот на својата 147-годишна историја никогаш немала жена на чело.
За неа е уште поважно што Санчез со две раце ги прифати трансродовоста и концептот на самоидентификација на родот.
Оттука, прашање е дали тој воопшто би можел да дефинира што е тоа жена, прашање со кое мака мачат сите „флуидни“ (види: Што е жена? и Имате ли разговарано со транс-волчица?)
Сите законски заштити во Шпанија засновани на полот се поткопани со закон донесен во 2022 година од страна на „прогресивната“ коалициска влада на Санчез кој им овозможува на мажите законски да се регистрираат како жени.
Санчез своевремено вети дека ќе ја предводи „најфеминистичката влада во историјата на Шпанија“, но некои од неговите блиски соработници поинаку ја разбрале таа порака. Поранешниот министер за транспорт, Хосе Луис Абалос – кој моментално е во затвор поради корупција – си одбрал љубовница преку најголемиот шпански веб-сајт за проституција, и тоа додека беше дел од влада која ветуваше дека ќе ја забрани проституцијата.
Лажниот феминизам на Санчез станува невкусна шега кога ќе се стави во контекст на ситуацијата во шпанската енклава Сеута. После 30 јули, кога 70.000 млади мажи пристигнаа на оваа територија од соседен Мароко, регистрирани биле сексуални напади речиси секој ден.
Најновото обвинение се однесува на двајца Мароканци на возраст од околу четириесет години, кои се товарат за силување на 17-годишна девојка.
Ситуацијата ја влоши шпанскиот министер за внатрешни работи, Фернандо Гранде-Марласка, кој во септември ги отфрли загриженостите за безбедноста на жените во Сеута, нарекувајќи ги „субјективни“.
Види и:
Се распаѓа прогресивниот проект на Педро Санчез