- На повеќе локации во Белград и Нови сад, во акција на полицијата и јавното обвинителство за организиран криминал се уапсени 14 лица поврзани со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад при што настрадаа 16 лица.
- Меѓу приведените се двајца поранешни министри за градежништво и за трговија, како и директорот на заводот за заштита на споменици во Нови Сад, Синиша Јокиќ, инаку чичко на кошаркарот Никола Јокиќ.
- Про-опозиционите медиуми пренесуваат дека про-владините медиуми оркестрирано ја напаѓаат акцијата како „обид за обвинителски државен удар“.
- Во меѓувреме, Александар Вучиќ итно свика едница на Советот за национална безбедност, можно заради опасноста од регионална дестабилизација предизвикана од потврдувањето на првостепената пресуда за Милорад Додик од една година затвор и 6 години забрана за политичко делување.
- Следејќи некои „дебати“ на социјалните медиуми неодамна, се’ повеќе сум уверен дека се враќаме наназад и стануваме поглупави и понефункционални како општество.
- Можеби повеќе не сме Homo sapiens – „мудриот човек“. Ниту пак сме Homo economicus, наводно рационалниот актер во класичната економија. Сè повеќе стануваме Homo idioticus – суштество дефинирано, не од мудрост или логика, туку од емоционални импулси, дезинформации и интелектуална инерција.
- Изгледа на социјалните медиуми им се потребни „идиоти“. Затоа станаа нивен расадник. Не гледам проблем во тоа да им дозволиме на „идиотите“ да кажуваат идиотски работи. Друго и не може да очекувате од „идиотот“. Проблемот е што платформите преживуваат со пронаоѓање на највирулентните идиотизми и нивно глобално ширење. Едноставно кажано, благодарение на социјалните медиуми, „идиотите“ сега имаат платформа да ја објават својата глупост пред целиот свет.
- СДСМ остро го осуди настапот на српскиот претседател Александар Вучиќ (види овде - н.з), оценувајќи дека неговите изјави претставуваат навредливо и недолично однесување кон заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска.
- Партијата вели дека Вучиќ е познат по тоа што ги навредува сите оние кои не ги делат неговите ставови или му пречат.
- Вучиќ малициозно нагласил дека ‘оваа жена и луѓето кои доведоа до сецесија’“, па СДМС оценува дека нагласувањето на нејзиниот пол во политички контекст е понижувачко и ирелевантно за аргументите што ги изнесува.
- Ваквиот речник не бил само личен напад, туку дел од поширок проблем на деградирање на жените во политиката.