Епл измисли лизинг за Ајфон

Уште до крајот на годинава Епл би можел да почне да ги продава Ајфон и Ајпад како услуга за која ќе се плаќа месечна претплата, наместо како до сега да го купиш уредот.

Епл веќе има повеќе сервиси што ги нуди за претплата (Мјузик, ТВ плус, Фитнес плус...) и ги комбинира во најразлични пакети. Сега намерата е и самите уреди да почне да ги нуди за претплата.

Претплатата не е утврдена бидејќи планот не е едноставно да се подели цената на Ајфон на 12 или 24 месеци, туку ќе има и различни варијабли, како тоа дали да ќе сакаш веднаш да надградиш на нов уред кога тој ќе излезе и слично.

Како и други претплати и ова ќе биде врзана со постојниот Епл ИД на корисникот.

Тоа што не е јасно е дали за претплатата за Ајфон ќе важат истите правила како за софтверските / медиумски сервиси, и дали ќе можеш да се претплатиш на само еден месец па да се откажеш, како на пример што можеш со Епл ТВ плус. Ниту пак дали ќе можеш да го исплатиш уредот и да го задржиш или само непрестајно ќе го надградуваш за нов.

25 март 2022 - 14:49