Во најдобар случај овие апликации (кои се имаат потрудено да ја опфатат секоја група од бизнисмени до луѓе на диета, до оние што страдаат од несоници, па дури и деца) само ги маскираат симптомите на стрес, без воопшто да работат на основата на проблемот.
Во сржта на сите овие апликации е концептот на „mindfulness“, внимателност во форма на „интензивна свесност, без никаков вид на осуда, кон она што човек го чувствува и сознава во моментот“. Притоа клучно е дека оваа внимателност треба да му овозможи на човек да ја „цени непостојаноста, да не стане приврзан кон материјални добра, и да се стреми кон постигнувања на повисока свесност со цел на крај да стане просветен.“
„Раните будистички практикувачи на внимателност се оние кои ги критикуваат меинстрим вредностите на општеството и културолошките норми како телесна убавина, семејни врски и материјални вредности.
Од друга страна апликациите за ’mindfulness’ ги поттикнуваат луѓето да го трпат и да се прилагодуваат на општеството. Тие ги превидуваат причините и околностите кои доведуваат до страдање и стрес, кои може да се политички, општествени или економски,“ пишуваат Грегори Грив и Беверли Мекгваер, кои за своето истражување анализираат над 500 Ајфон и Андроид апликации на темава.
Тие потсетуваат дека индустријата што ја сочинуваат овие апликации се вреднува на околу 130 милиони долари годишно, а само на две апликации (Calm и Headspace) отпаѓаат околу 70% од пазарот.