Спасете ја планетата, една апликација по друга

Неделава луѓето можат да сторат нешто конкретно за спасување на планетава со тоа што што нема нишѓо да сменат од она што вообичаено го прават. Да си кркаат апликации

Епл потпиша договор со глобалната еко организација WWF по кој до 24 април целиот приход од популарните апликации кои учествуваат во акцијата оди за организацијата и нејзините програми за заштита на човековата околина. 

А причини за оваа борба има многу:

  • Земјава губи шуми еквивалентни на површината на 48 фудбалски игралишта секоја минута. Да, минута.
  • Помалку од еден процент од водата во светот е свежа и употреблива.
  • Дивиот свет на рбетници опаднал за 52 проценти во последните 40 години.
  • 7-те и нешто милијарди луѓе конзумираат 1,5 пати повеќе отколку што Земјата може да даде.

WWF е една од организациите кои помагаат во битка со овие проблеми за да можат и следните генерации да ја користат планетава со која ние денес доминираме на брутален начин.

Еве ги апликациите кои се во игра:

Angry Birds 2
Best Fiends
Candy Crush Soda Saga (Bamboo Hill in-game event)
Cooking Dash 2016
Cut the Rope: Magic
Disney Infinity: Toy Box 3.0
Dragon City
Hay Day
Hearthstone
Jurassic World: The Game
Kendall & Kylie
LINE
LINE: Disney Tsum Tsum
Map My Run+
MARVEL Contest of Champions
Peak
Procreate
Recolor
SimCity BuildIt
Star Wars: Galaxy of Heroes
The Earth by Tinybop
Trivia Crack
VSCO
WWF Together
Yoga Studio

20 април 2016 - 08:55