Мобилните телефони, таблетите и паметните часовници го попречуваат учењето на учениците и нема да им бидат дозволени на часови од следната година, соопшти холандската влада.
„Постојат сè повеќе докази дека мобилните телефони имаат штетно влијание за време на часовите“, се вели во извештајот. „Учениците се помалку способни да се концентрираат и нивните перформанси страдаат“.
Владата бара училишните власти, со наставниците, родителите и учениците до октомври да договорат внатрешни правила како ќе се реализира владината идеја.
Коалицијата на десниот центар во земјата сè уште нема воведено формална забрана, но вели дека го задржува правото да го стори тоа откако следната година ќе го измери напредокот.
Министерот за образование, Роберт Дијкграф, се надева дека овој потег ќе доведе до „културна трансформација“ и ќе го подобри учењето.