Заради економичноста, еколошките ограничувања, безбедноста и масовното производство, сите автомобили се произведуваат од исти делови. "Кочниците на твојата кола, на пример се исти како и кочниците на сите други коли. Истото важи и за амортизацијата. И за воздушното перниче."
"Ама и покрај тоа и понатаму ме прашуваат, 'Која е најдобра прва кола за мојата ќерка?' или 'Која е добра кола за 15.000 фунти?', и одговорот е: 'Фолксваген Голф.'
Сакаш возење и сакаш нешто стварно брзо? Фолксваген Голф Р. Работиш како наставник и сакаш нешто квалитетно и евтино? Фолксваген Голф дизел. Студенти си и имаш само неколку илјади фунти за трошење? Половен Фолксваген Голф. Ти требаат пет седишта? Ти треба голем багажник? Ти треба најновата технологија? Прашај ме што сакаш, и ако сум разумен во моментот, ќе го добиеш истиот одговор: 'Фолксваген Голф'.
Ти веројатно мислиш дека најдобрите инженери од Фолксваген групацијата се испратени да работат на Бугати или Бентли или Ламборџини. И многу грешиш. Најдобрите се испратени да работат на единствениот автомобил кој плаќа за сите тие играчки. Испратени се да работат на Голф.
И другите производители го знаат ова. Тие знаат дека Голф во светот на автомобилите е она што бројот 42 е во Автостоперскиот водич низ Галаксијата. Па ќе претпоставиш дека тие се препотуваат до доцна во ноќта за да направат нешто подобро.
Меѓутоа најчесто не е така. Тие само ги составуваат деловите и градат фабрики каде што има евтина работна рака и тоа е тоа," пишува Кларксон пред да им ја пренесе пораката од воведот.
Неговиот избор на 10-те најлоши автомобили е следниот:
10. Vauxhall Astra SRi NAV
9. Infiniti Q30 Premium Tech
8. Skoda Superb SE L Executive
7. Zenos E10 S
6. Renault Kadjar dCi 130 Signature Nav
5. BMW X1 xDrive25d
4. Seat Leon X-Perience SE Technology
3. Nissan GT-R Track Edition
Џими Кар беше во сопатничкото седиште на тестот на ГТ-Р трак едишн, и по неполн километар праша дали сателитската навигација е програмирана да ги однесе патниците до најблискиот масер (железничар).
Секогаш сум внимателен да не кажам дека некоја кола е опасна, бидејќи терминот е правно минско поле, ама оваа е многу блиску до тоа. Два пати во рок од еден час за малку ќе имав несреќа заради ненадејно и неочекувано менување на правецот.
Помини преку шахта и ќе добиеш некаква претстава како е да се биде во авионска несреќа. Го чувствуваш горниот дел од рбетот како ти се забива во черепот.
Па остануваме со трагичен заклучок. Стандардниот ГТ-Р е кола од пет ѕвезди. Една од најдобрите коли на светот. Ама и покрај тоа оваа одвратност не добива ниту една ѕвезда. Бидејќи е прилично бескорисна.
2. Volkswagen Scirocco 2.0 TDI
Јас сум роден со љубов кон автомобилите, љубов која беше запалена од Масерати од мојот каталог за автомобили, а беше одржувана од мојата прва сериозна врска, со Форд Кортина 1600Е. Ама беше зацементирана од мојата прва кола, Фолксваген Широко.
Да бидеме искрени, јас не би сакал да го возам новото Широко, од истите причини што ги читаш во личните писма во весниците. Знаеш како е. Пред 35 години си уживал во 1-годишна врска. Се наоѓате пак, благодарејќи на Фејсбук. И таа се претворила во бизон. Никој не сака тоа да му се случи во животот. Подобро љубовта од минатото да се чува како сеќавање.
Не изгледа како што треба и ги прави сите погрешни звуци кога ќе стартува моторот, и нема бегање од фактот дека возиш кола базирана на 6-та генерација Голф, наместо на сегашната и многу подобра 7-ма генерација.
Исто така и многу е забавена. Несомнено заради причини кои се поврзани со поларните мечки, овој дизел мотор бара опирање на гасот пред воопшто да помислиш да тргнеш. И тогаш, кога ќе тргнеш, мислиш дека нешто е расипано, затоа што едноставно нема доволно моќност.
Како целосен пакет, колата ништо не направи освен што ме потсети колку многу сакам Голф ГТИ.
1. Hyundai i800
Хјундаи и800 е полошо од паразитот што копа во очите на децата. Полошо е од кјубикл во жешка армиска база со епидемија на дијареја и повраќање. Полошо е дури и од пробување нови пантолони. Попрво би го мачкал Џејмс Меј со крем за заштита од сонце, отколку пак да патувам во Хјундаи и800.
Досадно е. Хјундаи знае како да направи пристојна кола. Меѓутоа кај оваа тие избрале да направат кола што е досадна и спора и грда и ужасна.
Бидејќи веројатно сфатиле дека нема што да се трудат со кола што ќе ја купуваат само африкански такси возачи и европски католици кои имаат премногу деца па последователно се претерано истоштени да забележат дека возат со само 12 км/ч.
Никога повеќе нема да влезам во колава, дури и ако три часот наутро и врне и се што сакам е да си одам дома и ова е колата на таксистот што сум го нашол. Попрво би спиел на клупа и да фатам грип.
Конкуренцијата за изборот се нови автомобили и автомобили кои се уште се во производство, не нешто прастаро, како на пример Југо 45 кое го има пердашено уште пред дваесетина години:
На десетката најлоши и претходеа десетте најдобри автомобили според Кларксон. Овој список изледа вака:
10. Mazda MX-5 2.0 Sport Recaro
9. Alfa Romeo 4C coupé
8. Mercedes-AMG GT S
7. Ford Focus RS
6. Ford Mustang Fastback 5.0 V8 GT
5. Volvo XC90 D5 AWD
4. Vauxhall Zafira Tourer 1.6 CDTi Tech Line
3. BMW M2
2. Ferrari 488 GTB
1. Lamborghini Aventador