Кацигата е хартиена, рециклирачка и се склопува. Авторката ќе добие 30.000 фунти да го развива проектот а наградата ја доделува фондацијата Џон Дајсон, што, според наградената Исис Шифер е "Светиот грал" во светот на дизајнот.
Шифер била инспирирана од потребата да има кацига кога е во некој друг град (со велосипеди на изнајмување) а не ѝ се даваат 30 долари за стандардна заштита на главата.
Нејзиниот шлем чини околу 5 долари, има структура на саќе и иако е хартиен, има сериозна моќ за апсорбција на удари што било тестирано на Империјалниот колеџ во Лондон. На дожд издржува 3 до 4 саати.
Но, јасно ѝ е дека ваквиот шлем нема баш лесно да се продава бидејќи ќе биде тешко да се убедат луѓето дека тој навистина функционира.
Наградата Џејмс Дајсон се доделува на дела од студенти или пак тазе дипломирани дизајнери.
[video:https://youtu.be/Bu0Lb0C0UzY]