Се вика Food Sniffer и чини 105 британски фунти.
Служи да го замени вашиот нос ако мислите дека неговата еволуција од пар милиони години не го направила доволно ефикасен за да преживеете.
Со други зборови, пренослив електронски нос кој мириса во ваше име. Стручно кажано, хемиски сензор на органски материи кој ги детектира промените и процесите во разните видови меса. Функционира така што ја мери температурата, влажноста и амонијачните испарувања на сировото месо и стварно е глупо дополнително да навлегуваме во детали.
Најмистериозно е што секој корисник мора прво да постави личен профил за апаратчето да работи прецизно, пошто е нејасно каква врска има дали си 26 годишен гипсар или 47 годишна теткица од Студентски прашања со свежината и квалитетот на месото кое се душка.
Се рекламира како "нова ера на мирисите." Ерата заудара на глупост.