Вибрирачката пилула има за задача да го измами вашиот стомак да мисли дека е полн и е новитет во долгиот ред третмани за дебелина што не се потпира на стандардни лекови или хируршка интервенција.
Уредот сè уште не е тестиран на луѓе но е пробан на најблиските до нив: во експериментите со свињи, капсулата ја намалила количината на храна што животните ја јаделе за приближно 40 проценти, активирајќи ги хормоните кои сигнализираат ситост.
Матриксоликата пилула се нарекува „Вибрирачки ингестивен биоелектронски стимулатор“ или скратено VIBES. Содржи вибрирачки мотор и мала батерија од сребрен оксид, сето тоа опкружено со желатинозна мембрана. Севкупно, со големина на мултивитамин.
Кога ќе се проголта, стомачните киселини ја раствораат мембраната, по што се комплетира електронското коло и се стартува моторот. Пилулата користи физиолошки феномен откриен за време на едно претходно истражување: кога вибрации се нанесуваат на мускулот, се создава чувство дека тој е растегнат повеќе отколку што навистина е; истегнување познато како дистензија. Кога желудникот станува надуен, полн или во случајов лажно полн, мозокот активира хормони кои сигнализираат дека е време да престанете да јадете.
Идемо даље. Свињите биле млади свињи од Јоркшир. Пошто свиња има обичај прво да џвака пред да проголта храна (за разлика од некои што ги знаеме), пилулите/моторчињата им биле инсталирани преку цевка за храна и притоа не предизвикувале никакви перфорации, опструкции, дијареа, повраќање или воспаление. Едно такво комплетче мотор/батерија минувало низ дигестивниот тракт на лажно ситата свиња за четири до пет дена.