Допаминот е стара природна дрога на човекот а социјалните мрежи и начинот на кој тие функционираат најдоа формула како да станеме зависни од неговите мали но редовни дози.
Се работи за речиси незгаслива жед да се собираат микро-повратни реакции за себе. Постојано сме по потрага од нив и тука лежи зависноста. А главен дилер не се елегантните, паметни и ефикасни гаџети туку социјалните мрежи.
Оние што чекаат во ред на шалтер фокусирани на телефонот, не читаат статии и анализи на интернет, тие очекуваат некој да реагирал на нешто нивно. со коментар, со лајк, со што и да е. Тоа се претвора во жнеење „дигитални награди“, и секоја од нив пушта по капка допамин во нашиот мозок.
Според уредникот на Инк, тоа е причината зошто апликациите како Снепчет или Инстаграм стануваат уште попопуларни од Твитер и Фејсбук. Микро-реакциите ја тинтраат нашата човечка желба да бидеме забележани, да ни се даде до значење, да искусиме препознавање или признавање. Како што реалноста во која некој живее станува сè позачаурена и пофрагментирана, толку човек повеќе бара награди во виртуелниот свет, како компензација за она што не го добива во живо.
Некои предлагаат напуштање на социјалните мрежи. Некои велат дека зависноста може да се контролира ако човек си одреди свој „дигитален Happy Hour“ (да не бидеш нон-стоп на нет туку да одредиш термини во кои ќе го правиш тоа), а некои препорачуваат „дигитални постови“, како поголеми временски парчиња аналогно живеење, колку да се сфати дека светот постои и надвор од она што се случува на Фејсбук.