Нова книга на психијатарот Ана Лембке ја поврзува нашата опседнатост со мобилните телефони со инстинкт стар милиони години - принципот на потрага по задоволство, а одбегнување болка.
Не е виновен смартфонот кој го имаме, ниту таблетот ниту пак лап-топот. Она што нè убива во поим е нашата потреба од повратни реакции и постојани микро-награди кои дотураат допамин во нашите - жедни за внимание - мозочиња.
Кај сè поголем број на деца се дијагностицира кратковидост. Во источна Азија бројките се над 90-95%. Најдена е корелација помеѓу појавата на миопија со времето поминато надвор, на отворено, без разлика на активноста. Една од хипотезите за причината е премалата изложеност на јака светлина. Им благодариме на родителите што нè пуштаа со саати да се шлаеме по маало.
Мозокот сака допамин. Допаминот сака шеќер. А мозокот не е толку глуп да не препознае дека пробуваме да го лажеме со вештачки засладувачи. Неговата одмазда за тоа е што завршуваме дебели.
Порното, клиповите со мачиња или манијaчењето слики по Фејсбук не се главната причина заради која сме толку зависни од интернет. Нè навлекува неговата структура, не самата содржина. Накратко, на интернет сме затоа што во близина немаме лавови.
Науката ја потврди 100 години старата изрека на лордот Актон (власта расипува, апсолутната власт - апсолутно) и како биoлошка вистина. Органските механизми околу тоа чувство се идентични на оние кои ги покренува кокаинот.