Чувството на поседување моќ значајно го зголемува присуството на тестостерон и неговиот нус продукт 3-андростанедиол (и кај мажите и кај жените) што доведува до зголемено лачење на допаминот, хемикалија со која мозокот дава награда.
А на таквото наградување, човек лесно се навлекува, со власт или со кокаин, сеедно.
И во двете варијатни, и ефектите и контраефектите се слични: чувство на зголемена енергија, самодоверба, изостреност на сетила, еуфорија и сексуална активност но и анксиозност, параноја, ароганција и нетрпеливост, кога нивото на допаминот е преголемо.
Истражувачите велат дека ова може да објасни добар дел од избувливите и непредвидливи реакции на некои тајкуни, шоу ѕвезди или политички моќници.
"Бабуни кои се ниско рангирани во хиерархијата на заедницата имаат ниско ниво на допамин. Доколку бидат промовирани повисоко, допаминот им расте соодветно на социјалниот успех," објаснува доктор Иан Робертсон порачувајќи дека идентичен процес се одвива и кај луѓето.
Добра вест е што чувството за поседување моќ ги прави луѓето попаметни бидејќи допаминот ја зголемува ефикасноста на предните фронталните мозочни регии.