Истражувачи од Јејл докажале дека задоволството од јадењето слатки произлегува од количлеството енергија која ја очекуваме од тоа. Затоа мозокот препознава дека вештачките засладувачи не се она вистинското бидејќи изостанува очекуваното активирање на метаболизмот.
Тоа воедно го објаснува и фактот дека оние кои користат вештачки засладувачи на крај завршуваат со повеќе калории отколку оние што се на шеќер.
Додека организмот го претвора шеќерот во енергија, се зголемува нивото на допаминот, кој создава чувство на среќа и задоволство, што е сигнал дека телото ги задоволило своите потреби за енергија. Досегашните истражувања покажаа дека оние во чија диета се наоѓаат само вештачки засладувачи добиваат погрешни сигнали па затоа и посегнуваат по екстра калории, додека телото не биде задоволено.