Студијата објавена на 8 октомври во Current BIology од шестмина истражувачи која зела предвид 11.000 луѓе открива ретка но моќна особина на мал дел (2%) од испитаниците . Кога им било дадено да мириснат синтетичка верзија на арома на скапана риба наместо да се намуртат и речат „бљак“ изјавиле дека почувствувале само пријатна арома на карамела, компир или ружа.
Останатите 98% од Исланѓаните ја имаат вообичаената реакција, а мутацијата се смета дека е уште поретка кај жители на други земји.
Помеѓу другите ароми кои учесниците требало да би препознаат имало и цимет, пеперминт, банана, ликорис и лимон. Тие требало да бидат идентификувани, и да се одреди нивниот интензитет и пријатност. Рибата била најчесто препознавана и добивала најниски оценки. Но мала група луѓе конзистентно толерирала па дури и го прогласувала за пријатен овој мирис, кој е резултат на гентска мутација која оштетува ген наречен ТААR5.
Овој ген помага во правењето протеин кој препознава хемикалија наречена триметиламин, ТМА, која најчесто се наоѓа во ферментирана и скапана риба и во други животински течности, на пример човечка пот и урина. И во ова веројатно се состои главната предност на луѓето со мутацијата, иако не веруваме дека јавниот превоз лете во Исланд е толкав предизвик како оној во потоплите земји.