Гавин Белл, Џара де Кујер и Сајмон МекГлин, направија парфем со мирис на нов Епл производ, како дел од нивната "Де Факто Стандард" изложба.
"Тој е составен од мирис на пластична обвивка, печатено мастило на картон, мирис на хартија, пластични елементи што се наоѓаат во кутијата и секако алуминиумскиот лаптоп што доаѓа директно од фабриката во Кина каде што е составен," објаснуваат од Аир Арома, агенција за дизајнирање мириси.
Уметниците и Аир Арома сосема сериозно си ја сфатиле работата. Од Аир Арома, изворот за мирисот на лепак, пластика, гума и хартија ги нарачал од набавувачот во Франција.
Од таму, примероците биле користени како состојки од кои е создаден опсег на мешавини кои се тестирани додека да се создаде конечниот мирис.
Мирисот нема да биде пуштен во продажба и веројатно ќе заврши само како експонат на изложбата.