
Рут Херлинг, основачот на компанијата за производство на свеќи, креираше продукт кој мириса на свежо искосена трева. Оваа свеќа го носи името "The Geordie" и е наменета за сите навивачи на Њукасл кои сакаат домот да им мириса на нивниот омилен стадион.
Свеќата е во боите на Њукасл (црно-бела) и е еден од најпродаваните продукти на компанијата. Свеќата се продава за 9,95 фунти (околу 750 денари).