ФДУ на Јејл отсега ќе чини нула долари

Престижната школа - која меѓу другите ја имаат завршено Мерил Стрип, Анџела Басет и Пол Њумен -  во иднина ќе чини точно нула пари. Драго ни е што е тоа овозможено со пари од еден човек кого го познаваме од светот на музиката и плочите. 

Американскиот богатун Дејвид Гефен пукна 150 милиони долари во драмската школа на Јејл со што школарината ќе биде бесплатна - за сите студенти, засекогаш.

„Се работи за најголемата донација во историјата на американскиот театар“, изјави претседателот на Јејл, Питер Саловеј. 

Донаторот изјави дека Јејл е вистинското место да се спроведуваат убави идеи за уметничко образование бидејќи институцијата нуди високи школски стандарди за актери и актерки, драматурзи, режисери, дизајнери и театарски менаџери.

Гефен парите ги направи во музиката. За неговиот Гефен рекодс имаат снимано Ленон, Џони Мичел, Ганс енд Розузис, Аеросмит, XTC, Питер Габриел, Нил Јанг, Нирвана, Дона Самер, Нирвана и куп други добри музичари. Во 1994 година, заедно со Стивен Спилберг и Џефри Каценберг, го основаа прочуеното филмско продукциско студио Дримворкс.

1 јули 2021 - 07:44