Хирст бил очаен да ја купи бананата меѓутоа бил одбиен. Тој бил подготвен да плати 120.000 долари за оригиналот, а за истите пари би го почекал и авторот Маурицио Кателан да му направи нова (што буквално подразбира да залепи дебела леплива трака на банана), меѓутоа и тоа било одбиено.
Тој дури преку кураторот Франческо Бонами го поканил Кателан да дојде кај него и да си земе што сака од студио во замена за бананата (делата на Хирст се продаваат за десетици милиони долари), но ни тоа не било прифатено.
На крај драмата се решила со тоа што Бонами му направил идентично уметничко дело и му го подарил на Хирст кој сега ја има бананата на ѕид. Бонами само инсистирал, веројатно за да не биде апла копија, бананата да биде свртена на спротивната страна.
Запрашан што па толку се запнал за бананата, Хирст одговорил:
„Затоа што по сè што имам видено во уметноста ова и понатаму е шокантно и вознемирувачко и ме засмева.“
Хирст дал збор дека ќе го „одржува“ уметничкото дело, што според инструкциите на авторот на оригиналот, Кателан, значи дека секоја недела треба да се става нова банана, а старата да се изеде.