Екозија ги пишавме пред две години (види „Денот на пребарувачот“), кога имаа стигнато до 6 милиони дрвја. Сега се на 50 милиони и тераат.
Во 2014-та во Буркина Фасо саделе по едно дрво во минута. Денес со нивните пари се сади ново дрво секоја секунда на 21 проект за пошумување низ цела планета.
Дрвјата на Екозија имаат апсорбирано 2,5 милиони тони CO2 од атмосферата, но, не е само тоа. Тие создаваат живеалишта за шимпанзата во Уганда, во Сенегал ја сопреле пустината да се шири а југ, вратиле корисна вода и плодна почва во Перу....
Шиткаат тие и маици и други работи за да соберат пари но за почеток доволно е да почнете да ги користите свој како дифолтен пребарувач. Заради планетава, а може ќе се стиши и грижата на совест од сите оние гревови во „internet history“.