
Пациентите се приклучуваат по своја волја, целиот асортиман сами го произведуваат, а потоа и продаваат на муштерии. Сепак понудата не е отворена за целата популација на болницата туку само за одредени групи.
Ќарот за пациентите од сето ова е што имаат занимација, комуницираат и се мешаат со луѓе од надвор, плус и ќе заработат некоја пара.
Еден од главните проблеми во целиот проект е што луѓе не се баш најволни да јадат леб произведен во ментална болница, па дури кога го добиваат и беспари тие обично го фрлаат.