Жените треба да избегнуваат се што е премногу кратко, проѕирно и без ракави. Мажите само на плажа треба да се облекуваат како да се на плажа. Шетањето по костими за капење надвор од базени и плажа е забрането и за двата пола.
Кампањата доби поддршка и на социјалните медиуми, по основа на тоа дека туристите треба да се свесни каде доаѓаат, треба да ги почитуваат обичаите на земјата домаќин и дека вака се зачувува религијата.
"Количината на нескромна облека на јавните места се зголемува, посебно во трговските центри. Вакво однесување на странците е спротивно на нашите обичаи. Ние не сакаме нашите деца да бидат изложени на ова или да учат од истото, и затоа ја започнуваме оваа кампања," изјави претставникот на катарскиот Центар за исламска култура, инаку иницијатори за кампањата за облекување на странците.