Селекцијата на Шпанија која ја бранеше светската титула, трет пат по ред не успева да излезе на крај против Французите на големите натпреварувања кои беа подобар противни и на крај славеа со 26:22.
Со оваа победа Франција која е актуелен европски првак и освојувач на златниот медал на последните Олимписки игри во Лондон, по втор во својата историја ќе се обиде да ја освои тројната круна. Тоа претходно и успеа во периодот од 2008 до 2010 година.
Французите беа подобар противник кој на полувреме имаше предност од четири голови разлика, а натпреварот го контролираше и во вториот дел. Играч на мечот беше членот на ПСЖ Омејер кој беше несовладлив на голот и на крај стигна до фантастична бројка од 20 одбрани, а најпрецизен беше Гигу со 5 голови.
Откако стана прва азиска земја која стигна до полуфинале на еден Мундијал, селекцијата на Катар испиша нова спортска историја со пласманот во финалето кое и носи и сигурен медал.
Ракометната репрезентација предводена од Шпанецот Валеро Ривера, славеше против Полска со 31:29. Клучен човек на мечот беше Даниел Шариќ кој одбрани 12 удари, од кои неколку клучни за пресврт во вториот дел.
Кај Катарците најдобри стрелци беа Капоте и Малаш со по 6 постигнати голови, а кај Пољаците најпрецизен беше Јурецки со 9 голови.
Финалето е закажано за в недела со почеток од 17:15 часот.