Пред два дена „Франс Фудбал" ги обвини членовите на Извшниот комитет на ФИФА дека примиле мито и го дале својот глас за Катар во изборот за земја домаќин за Светското првенство во 2022-та, а денес на виделина излегоа нови детали поврзани со аферата.
Освен раководните луѓе на ФИФА, на платен список кај Катарците биле и неколку прославени имиња од светскиот фудбал. Габриел Батистута, Пеп Гвардиола, Зинедин Зидан, Бора Милутиновиќ, Роналд де Бур и Роже Мила примиле по минумум 5,5 милиони евра.
Некои биле потешки за убедување, па Катарците морале искешираат поголеми суми за Гвардиола и Зидан.
Катар е пребогата земја, но нема никакво фудбалско минато, ниту голема фудбалска ѕвезда, па тие биле приморани да купуваат звучни имиња кои низ светот ќе шират добри приказни за нивната држава.