Катар со мито до СП 2022?

Според најпознатиот француски фудбалски магазин „Франс Фудбал", богатата земја која почна да инвестира енормни суми на пари во спортот, успеала да ги потплати членовите на Извршниот Комитет на ФИФА и со тоа да стане земја домаќин на Мундијалот во 2022-та година.

Според истражувањата на „Франс Фудбал" на 15 страници, богатите Шеици на нечесен начин станале земја домаќин на светскиот елитен собир кој веќе е закажан за 2022 година. Одлуката на ФИФА беше донесена во декември 2010 година, во конкуренција на САД, Јужна Кореја, Јапонија и Австралија.

Магазинот тврди дека за сума од 1,5 милиони долари по човек биле откупени гласовите на Иса Ајату и Жака Ахума од претседателството на Афричката фудбалска конфедерација (АФК). Инаку пред 3 години Катар го "спонзорирал" конгресот во (КАФ) со 1,25 милиони долари, а со тоа ги придобил гласовите на четворицата членови од Африка кои се дел од Извршниот Комитет на ФИФА.

Во целата афера се споменува и името на поранешниот француски претседател Никола Саркози кој побарал од својот сонародниот и прв човек на УЕФА Мишел Платини, да ја поддржи кандидатурата на Катар од геополитички причини. Иако се верувало дека Платини својот глас ќе го даде за САД.

„Франс Фудбал" трвди дека Саркози и Платини се сретнале со Принцот на Катар, Шеикот Тамим бин Хамад Калифа Ал Тани во 2010 за да разговараат на тема-инвестициите на Катар во францускиот фудбал. Една година подоцна Шеиците станаа сопственици на екипата на Парис Сент Жермен, а донесоа и врвни фудбалски имиња.

29 јануари 2013 - 13:23