Пет меѓународни компании специјализирани за копање канали во понеделникот беа поканети да ги испратат своите понуди до саудиските власти за изработка на проектот. Победникот ќе биде објавен за 90 дена.
Се очекува дека каналот ќе биде завршен во рок од една година од почетокот на работите.
Според извештаите од април годинава, кога планот прв пат беше споменат, каналот ќе биде долг 60 километри, колку што е должината на целата копнена граница на Саудиска Арабија со Катар, а широк 200 метри. Дел од каналот Саудијците го планираат да им послужи за изградба на капацитетот за складирање нуклеарен отпад.
Цената на проектот е некаде околу 750 милиони долари.
Веста која ја објавуваат и саудискиот новински канал Ал Арабија и беше објавена на Твитер сметките на советници на саудискиот двор, и понатаму не е потврдена од владиниот Центар за меѓународна комуникација.
Откако минатата година Саудијците и уште неколку арапски држави ги прекинаа дипломатските врски и трговски врски со Катар, каналот ќе биде само дополнителна географска изолација на емиратот.