Не им е доста, од лакомост сакаат да направат Светско првенство на секои 2 години

Идејата за Мундијал на секои две години со која би се обесмислила дражта и убавината на Светско првенство, за некое чудо проистекнува од еден од најголемите борци за правда и спортско витештво, Французинот Арсен Венгер.

Легендарниот тренер на Арсенал од 2019-та година е во ФИФА каде ја има функцијата начелник на оделот за развој на фудбалот во светот. Венгер одвреме-навреме излегува во медиумите со нови идеи за реформи во фудбалот.

Една од најсвежите која денес (четврток 9. септември) се разгледува во Доха (Катар) е да се зачести со Светски првенства.

Од моментот на почетното прво Светско првенство во 1930-та, Мундијалите се играат еднаш на четири години, со исклучок на периодот на големата Втора Светска војна кога ФИФА не организирала Светско во 1942 и 1946.

КОИ СЕ ОСНОВНИТЕ ТЕЗИ НА ВЕНГЕР?

Арсен е Светско првенство да се игра на две години.

„Замислете вакво нешто: Светско првенство 2026 во САД, Мексико и Канада, во 2027 Европско првенство и други континентални турнири, после Светско првенство 2028 и така натаму. Повеќе натпревари со елиминација, помалку квалификациони мечеви. Тоа го сакаат и навивачит“, изјавил Французинот.

Според Венгер, бројот на квалификациски средби во таков случај ќе мора да се намалат како и репрезентативните собири. Тој сугерира 7 квалификациски меча наместо 10 и само 1-2 собири, т.е. наместо 50 дена квалификации и собири, сега би имало само 28.

„Јас сум за еден собир на репрезентациите, максимум за два, наместо сегашните пет. Треба репрезентациите да се собираат во октомври, за еден месец да одиграат 7 квалификациски меча, а после да се игра финалниот турнир во јуни. Тоа ќе донесе до помалку патувања за играчите, ќе даде појасна слика и ќе намали ризик од повреди. Ние сакаме да го намалиме бројот на натпревари, тоа е многу важно, така ќе можеме да ја видиме состојбата на фудбалерите“, вели францускиот тренер.

Клупскиот фудбал треба ретко да се меша со репрезентативниот. Тоа според Венгер ќе придонесе да се скратат летови меѓу континентите и овие предлози не се мотивирани од пари.

Денес луѓето сакаат да гледаат фудбал во кој влогот е поголем, а форматот на турнирот лесно разбирлив. За бројните жалби од клупските тренери дека бројот на натпревари постојано и стрмоглаво расте, Венгер ветува загарантиран одмор после ваквите турнири.

„Нема веќе да има повеќе натпревари за играчите а по крајот на финалната фаза на турнирот, ќе биде загарантиран задолжителен одмор од најмалку 25 дена“.

КОЈ ЈА ПОДДРЖИ ИДЕЈАТА НА ВЕНГЕР А КОЈ НЕ?

Реформите на Арсен биле поздравени само од претставниците на некои не баш атрактивни репрезентации. Неговата идеја јавно ја поддржал чиновник од Африканската фудбалска конфедерација и неколку членови на Азиската фудбалска конфедерација: Непал, Шри Ланка, Малдиви и Бангладеш од кои ниеден не помина во третата рунда квалификации за Светско 2022.

Идејата ја изнесоа на конгресот на ФИФА во Саудиска Арабија. Прашањето го поддржале 166 асоцијации и ФИФА решила да организира анкета/истражување кое ќе има за цел да ги испита техничко-економските потенцијали на оваа крупна реформа.

„Целта на студијата е да спроведе сеопфатна анализа, земајќи ги предвид и различните погледи и интереси на светскиот фудбал. Не постојат однапред утврдени цели и ФИФА е отворена за пронаоѓање најдобри решенија за општо добро. Никој не препиша услови за студијата. Во секој случај промени на ова ниво сигурно нема да бидат донесени во рок од година, две“, вели извор од ФИФА за The Athletic.

До 2024 година сигурно нема да има измени.

КОЈ Е НАЈНЕЗАДОВОЛЕН ОД ОВИЕ ИДЕИ?

Клупскиот фудбал. Европската лига (Здружение на најдобрите топ5 европски лиги) и Асоцијацијата на европските клубови веќе излегоа со соопштение во кое ги нарекоа овие планови нереални.

Пеп Гвардиола изјави: „Може ако треба УЕФА и ФИФА да ја продолжат годината? Ако може да имаме 400 дена во годината?“ 

ГЕРЕТ БЕЈЛ:

„Ја сакам традицијата Светско првенство на секои четири години, во тоа е престижот, како на Олимписките Игри кои се играат на секои четири години. Тоа го прави посебно, зошто не се одржува многу често. Не сакам Светско на секои две години, така ќе се изгуби дел од историјата. Тоа што се одржува еднаш во четири години и до следното Светско има многу време го прави овој турнир најпрестижен“, вели Герет Бејл со кого се согласуваат многу страни.