Срамни скандирања на хрватски навивачи во Подгорица на кои им застанал саатот во 90-ти

Хрватска ја совлада Црна Гора со пресврт од 2:0, 2:3, во меч без резултатско значење, бидејќи Хрватите се математички први во група, а Црногорците претпоследни. Гостинските навивачи ја упропастија атмосферата.

Само црногорските навивачи беа на висина на задачата на фудбалскиот спектакл во Подгорица на кој паднаа вкупно 5 гола.

Прво ја поздравија хрватската химна со аплауз, па им аплаудираа на великаните на противничкиот тим, Модриќ, Перишиќ... и ги бодреа своите фудбалери од првата до последната минута.

Од трибината каде беа сместени хрватските навивачи, уште од почетокот на натпреварот се слушаа срамни извици, кои немаат благе везе со спорт:
 
"Ubij Srbina", "za dom spremni", "ustaški se barjak vije"

Домашните навивачи одговорија на ваквите срамни скандирања во првото полувреме со свирежи, а фудбалерите на најдобар можен начин - со голови. Во 17 минута беше 2:0. 

Осмајиќ и Крстовиќ ги задушија шовинистичките и фашистички скандирања на Хрватите, на кои очигледно им застанал саатот во 90-тите. Официјалниот водител неколку пати ги замоли гостите да навиваат фер и спортски. 

Во второто полувреме, беше развеан транспарент на кој, меѓу другото, пишуваше „нема прошка“, алудирајќи на слоганот на црногорските навивачи на првиот натпревар во Загреб: „Од Ловќен самовилата вика, простете ни Дубровник“, пишува vijesti.me.

Балканската пресметка, која мина во знакот на национализам испровоциран од гостите, заврши со одговор на домашните навивачи на крајот:

„Усташи, четници, избегавте заедно“.

18 ноември 2025 - 08:57