таг: хрватски навивачи
Највпечатливиот и најјакиот навивачки момент од квалификациските натпревари за ЕП 2020 се случи на стадионот на Хајдук, каде Хрватите ја пречекаа Унгарија. Во очи на мечот го рокнаа безвременскиот хит на покојниот Оливер Драгоевиќ кој го згрмија 30.000 луѓе. Фантастична идеја од која се создаде страшна атмосфера. Повеќе |
Околу 4.000 хрватски навивачи ја бодреа репрезентацијата на мечот против Словачка на кој „коцкестите“ ги прегазија домаќините со 4 парчиња во нивната мрежа (0:4). Пред и после мечот навивачите на Хрватска се забавуваа на секаков можен начин. Повеќе |
Широки Бриег е град во Босна и Херцеговина, овој навивач слави за Хрватска и трето, овој навивач е неарен, со зоља го славеше сребрениот медал на Хрватите. Повеќе |
Англичаните експлодираа еднаш, а Хрватите два пати за време на полуфиналето. Нема поголема радост кај навивач од тоа кога неговите ќе дадат гол на Светско. Коефициентот дека ќе ти истурат пиво ако гледаш на плоштад е 1.20. Повеќе |
Го имаме навивачот за кој не само што не важи она „полека ќе ги разбудиш децата“, туку и не важи славење во полуфинале само со скокање и пиење. Веројатно он е следен ако освојат Светско. Повеќе |
Светското првенство во Русија минува без и најмал инцидент ако ги тргнеме настрана пијаните Англичани кои салутираа хитлерашки во Волгоград. Руската полиција и редарски служби го чешлаат секое ќоше, но синоќа во еден од ходниците на трибините Аргентинци нападнаа хрватски навивачи. Повеќе |
На СП 2002, 2006 и 2014 не успеаа да минат групна фаза, а на 2010-та не се ни пласираа, што значи лудилово во Хрватска и пошироко не е само заради тоа што ја урнаа Аргентина, туку и затоа што не виделе пласман во нокаут фаза од 98-ма кога со Бобан, Шукер, Проснечки и компанија го освоија историското трето место. Повеќе |
И едните и другите не сакаа да се паднат меѓу себе во баражот затоа што овој дуел носи голем безбедносен товар. Во 2011-та играа во квалификациите за ЕП 2012 и бидна што бидна на трибините. Повеќе |
Откако пред неколку дена се ставија на располагање за одбрана на својата Далмација од страшните пожари, службено е откажан традиционалниот Торцида Куп и многу ривалски групи доаѓаат во Сплит да помагаат во гаснењето пожари. Повеќе |