„Бакљите се наоѓаат под источна трибина, на влез ф, трети ред, седиште 24. Спремни сме на прекин“.
Ова е најавата на хрватските навивачи кои со умисла направија нереди на 5 минути до крајот на мечот меѓу Хрватска и Чешка. Зад инцидентот стојат Торцида и Бед Блус Бојс кои направиле скица кој од каде да фрла пиротехника на терен.
Комесарот за безбедност на Хрватскиот фудбалски сојуз изјави дека знаеле дека ќе има инцидент.
„Имавме дојава дека во 85 минута ќе дојде до нереди. Затоа француските специјалци влегоа на стадион и ја оградија трибината каде беа нашите навивачи“, рече Мирослав Марковиќ
Засега се уште нема официјални податоци за бројот на уапсени навивачи, но според пишувањата на хрватските медиуми француската полиција веќе фатила дел од нив. Индекс пишува дека на влезот на стадионот полицијата успеала да изврши претрес на секој трет навивач и така некои успеале да влезат без полициска контрола.
„Имаше околу 15 хулигани цело прво полувреме си правеа муабет, шепотеа меѓусебно и воопшто не го следеа мечот. Во еден момент ставија капи преку лицата и почнаа со нередите. Тргнаа со бакљи, топовски удари и јас се исплашив за играчите и редарите. Другите навивачи почнаа да ги навредуваат „цигани, доста цигани“. Тоа се платени хулигани. Со оглед на тоа што хрватската полиција ќе добие податоци за нив, се надевам дека ќе дознаеме кои се тие кои не не оставаат на мира. Сите се прашуваме кои се тие со оглед на тоа што треба да се платат превоз и влезници за во Франција. Не е тешко да се заклучи дека се работи за организирана и добро платена група“, вели за Спортске новости, Анте Чорушиќ, директор на универзитетска болница од Загреб кој бил на трибина.
УЕФА ќе покрене дисциплинска постапка против хрватскиот фудбалски сојуз поради дивеењето на навивачите, а казни ќе има за фашистички песни и знамиња со симболи кои ги имало на стадион, како и поради нередите со фрлање бакљи, петарди и разни други предмети поради кои мечот беше во прекин неколку минути.
Сите наоди водат кон тоа дека ова е организиран напад со кои се испраќа порака до Здравко Мамиќ кој владеее со фудбалот во Хрватска и кој веќе една година се влечеле по судови за одредени кривични постапки кои се водат против него.
Оваа карта е објавена околу два часа пред мечот и затоа хрватските медиуми ги обвинуваа сите безбедносни служби заради тоа што не реагирале на време, а Хрватите имале сознанија дека ќе има инциденти.
Редарите и фудбалерите можеа да останат без око
Хрватите се тепаа меѓусебе