Светското првенство во Русија минува без и најмал инцидент ако ги тргнеме настрана пијаните Англичани кои салутираа хитлерашки во Волгоград. Руската полиција и редарски служби го чешлаат секое ќоше, но синоќа во еден од ходниците на трибините Аргентинци нападнаа хрватски навивачи.