- Никола Јокиќ блеска на стартот на новата сезона во НБА. Пред некоја вечер им спакува 55 поени на Лос Анџелес Клиперс во натпревар на кој уште во првиот период имаше дури 25 поени.
- „Неверојатен е! Со таков недостиг на атлетицизам навистина треба да се каже дека е веројатно најдобриот кошаркар на светот. Неговите квалитети се безвременски. Начинот на кој ја чита играта, неговиот кошаркарски ај-кју, сè е просто неверојатно. И генерално е огромен и доминира против сите, па и од пониските од себе. Добар скокач е исто. И со голмеите играчи ги исфрла. Има шут и за три поени сега... Но она што најмногу ме импресионира е како ја чита играта и додавања му се на друго ниво. Отсекогаш сум бил негов навивач, секако на неговата игра, како игра кошарка“.“, вели Новицки некогаш најдобриот кошаркар во НБА лигата кој освои шампионска титула со Далас Маверикс.
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.