Чикаго Булс предводен од Ајо Досунму и Џош Гиди кои дадоа по 21 поен со што вториов имаше и 14 скока, на крајот славеше заслужен триумф против Нагетс.
„Биковите“ во еден момент прокоцкаа 18+ поени предност и дури 13+ во последната четвртина но успеаа да се приберат и да ја прекинат серијата од пет порази по ред.
Прво Хуерте погоди тројка за водство на минута и 25 секунди до крајот а Никола Вучевиќ на 33 секунди пред крајот зголеми плус и Чикаго славеше победа. Никола Јокиќ на крајот имаше шут за продолжение но не погоди со звукот со сирената:
Никола Јокиќ го заврши дуелот со 36 поени, 18 скока и 13 асистенции за дури осми трипл-дабл на 13-ти настап сезонава. Џамал Марај беше фантастичен со 34 поени од кои 18 во последниот период а Арон Гордон додаде 24 поени.
Нагетс имаа серија од дури седум победи а сега им ја прекина Чикаго Булс. Денвер и натаму игра без својата важна карика Кристијан Браун кој има повреден скочен зглоб.