Споредбата е направена на бројот на срцеви удари на денот на маратон во 11 градови низ САД и просекот во немаратонски денови. По нивни бројки излегува дека на 100 луѓе што имаат срцев удар, дополнителни четворица умираат (над просекот) ако тоа се случи на ден на маратон.
Тие забележале дека за време на маратон на брзата помош и требале 4 минути повеќе за да стигне до болница, отколку во регуларен ден.
"Меѓутоа авторите на студијата се сомневаат дека вистинската причина за зголемената смртност е во дополнителното време што им е потребно на пациентите кои решиле сами да се возат до болница, да стигнат до таму. Во овие случаи (25% од сите) потребни се дополнителни 30 до 40 минути да се стигне до болница кога патиштата се затворени заради маратонот," ја пренесува Атлантик изјавата на главниот автор на истражувањето, Анупам Џена.
Џена има и амандман на ова, објаснувајќи "ние не сме сигурни дека луѓето умреле затоа што задоцниле во болница, меѓутоа тоа објаснување е најверојатно".
"Ако патиштата се затворени, болките во гради се полоши вести од вообичаено," изјавил Џена.
Истото важи и за други големи настани кои доведуваат до затворање на улиците, како паради или концерти, кои, како и маратоните, Џена смета дека не треба да се забранат, туку треба да бидат подобро испланирани од градот и организаторот. Исто така тој порачува, ако дента има маратон, немојте сами да се возите до болница.
Како се минува на пешачки на маратон: