Запознајте го Тони Морисон, човекот познат како Тони Фрижидер. Овој 49-годишен маратонец го доби својот прекар затоа што обожава да трча со фрижидер на грбот и тоа на долги патеки.
Но човекот не е луд, туку само авантурист кој трча во хуманитарни цели. Целото внимание кое го привлекува на маратоните го користи за да собира пари кои ги донира во борба против ракот.
Со фрижидер на грбот почнал да трча во 2011, а запрашан зошто баш фрижидер, тој одговара дека неговиот 8-годишен син сметал дека Тони Фрижидерот звучи многу подобро од Тони Печката.
Во 2012-та година тој успеа да истрча 30 полумаратони за 30 денови, во 2013-та истрчал 108 километри за 24 часа, а минатиот месец се обиде да истрча четири маратони за еден ден со фрижидер тежок 42 килограми на својот грб.
За жал заради здравствени причини тој застана по две истрчани рути на Лондонскиот маратон, но сепак неговата мисија се покажа како успешна затоа што собра илјадници фунти наменети за хуманитарни цели.