Симиќ дебитираше во НЦАА лигата во дресот на Универзитетот Тексас Арлингтон Маверикс кој ја почна новата сезона со убедлив триумф над Торт Тексас Далас од 89:56.
За само 18 минути на паркетот, 22 годишниот висок центар од 216 см, запиша 16 поени и 9 скока, со што остави одличен впечаток уште на дебито.
Само Ноа Шелби со еден поен повеќе беше поефикасен од него.
Симиќ е дел од поновата генерација на кошаркари, од кои се очекува да ја предводат македонската репрезентација.
Пред да замине во САД настапуваше за Кожуф и ТФТ, како и шпанскиот тим Прат.