Веб страната Sportsscientists засилена со неколку стручни лица од оваа област, го анализираше токму овој феномен. Тие ги анализираа податоците за освојувачите на медали на Олимписките игри и на Светските атлетски првенства и ги споредија бројките на Кенијците и останатите натпреварувачи.
Ако се избројат медалите на најголемите натпреварувања од 1964-та година до денес, атлетичарите од Кенија имаат освоено повеќе медали од сите останати натпреварувачи од Африка и скоро еднаков број на медали со останатиот свет.
Споредено само со Европа, очигледна е целосната доминација на Кенијците во изминатите десетина години.
Доминацијата на Европејците која се види на вториот график е последица на бојкотот на Кенијците на Олимписките игри во Монтреал 1976 и Москва 1980, а Светски првенства во атлетика не се одржуваа до 1983-та година.
Подетална анализа на медалите освоени од Кенијците ни дава фасцинантна слика за едно племе.
Тоа е племето Каленџин кое е 12% од вкупниот број на жители, но 80% од кениските атлетичари потекнуваат токму од ова племе.