
Ривалството помеѓу безбол екипите Њу Јорк Јенкис и Бостон Ред Сокс трае повеќе од 100 години и е едно од најстарите спортски ривалства во светот и едно од најголемите во САД.
Сепак тоа не беше пречка за екипата на Њу Јорк и нивните навивачи да искажат почит кон ривалскиот Бостон. Освен стандардниот едноминутен молк, насекаде околу и на стадионот беа истакнати пораки со поддршка, а за време на натпреварот на разгласот беше пуштена "Sweet Caroline", песната која е заштитен знак на навивачите на Бостон Ред Сокс и се пушта пред секој натпревар на нивниот стадион.
Големо е и ривалство помеѓу спортските клубови од Чикаго и Бостон, како она на Булс и Селтикс, но дневниот весник од Чикаго на своите спортски страници му оддаде почит на Бостон на прекрасен начин.